Костадин Воданов од Стојаково е првиот човек во Македонија кој произведува ракија од јапонско јаболко.
Таа своја инвентивност успешно ја претстави на љубителите на добрата капка и познавачите на домашните пијалоци, кои кај нас во Македонија се изработуваат како дел од домашната традиција, и на фестивал во Апатин Србија каде освои ПРВО место, победничкиот пехар за квалитет, награда казан за подготовка на ракија, котел од ТО „Апатин“.
Освен својот новитет, ракијата од јапонско јаболо, Костадин ја „испекол“ традиционалната мајсторија на јужњаците во подготовка на лозова ракоја (ракија од грозје) каде на истиот фестивал во Апатин „Чувари на традицијата“ во Србија, годинава освојува ПРВО место, и ЗЛАТЕН пехар во конкуренција од 500 примероци на ракија од грозје од исто толку произведувачи од различни краеви и земји од светот кои учествувале на Апатинскиот фестивал на ракијата.
Костадин Водванов вели дека идејата дошла сама по себе од желба да се создаде нешто ново. Во изминатите пет години експериментирал, а веќе 2021 година со повеќе труд успева да со создаде идеалниот рецепт. Следната година се опреми со машина која го дроби и меле плодот, како му го преработува во смеса која подоцна одлежува. И, така, кроце, стрпливо се ниже процесот на подготовка на победничката ракија од јапонско јаболко.
Знаејќи ги своите производни вредности и добрата капка која ја фалат сите, Костадин и годинава на фестивалот на ракија во Апатин не скриено предвидуваше и очекуваше некоја од наградите:
Костадин својата ракија од јапонско јаболко ја произведува во Стојаково. Од Богданци набавува обична јаболка, а има свои насади од 300 садници јапонско јаболко. Произведува ракија од чиста јаболка, од јапонска јаболка и микс од двете јаболки.
Производниот процес е сличен како и процесот на производство на други видови овошни ракии, од берењето, фрементацијата, дестијацијата, одлежувањето и се’ до додавањето на вкусови.
Костадин вели дека вкусот е уникатен и дека добивал многу пофални зборови од своите блиски пријатели и од купувачите.
Покрај пофалните зборови, овој посветен самоук производител и изумител на нов вид пијалок од јапонско јаболко – Костадин од Стојаково, веќе се закитил со неколку награди и признанија. Една од повеќето награди ја добил на манифестацијата „Чувари Традиције“ која се одржува во областа Апатин во северна Србија, настан на кој се промовираат разни ракии од повеќе земји учесници. Овде добива прва награда за најдобра „Лозова Ракија“ во 2022 година, како и во јуни годинава. Значи, докажана вредност и заслужена награда, која се потврдува со нов медал и победнички пехар и во 2023.
На годинашната манифестација, повторно во Апатин, „Чувари на традицијата 2023“, тој освои три награди: за најдобра лозова ракоја, за најдобар новитет – ракија од јапонско јаболко и„најдобар странски изложувач“ на ракија со штанд од поднебјето на југот на Македонија, од Стојаково.
Честитки Дине, да го чуваш рецептот!
Квалитетот на јужната „лозова ракија“ од Стојаково трае!