четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Осветена црквата „Св.Димитриј Солунски“ во Ново Конско, гевгелиско

Чинот на осветување го одржа Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Гевгелиската Парохија

јуни 3, 2024
in ФОКУС
Осветена црквата „Св.Димитриј Солунски“ во Ново Конско, гевгелиско
0
SHARES
141
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Сенародна радост во с.Ново Конско, гевгелиско – вчера беше осветена црквата „Св.Димитриј Солунски“ од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Гевгелиската Парохија и се отслужи Света Божествена Литургија.

Свети Димитриј е главна селска црква во гевгелиското село Ново Конско. Црквата се наоѓа над селото, во близина на асфалтниот пат кој води до селото. Претставува новоизградена црква во поново време.
Со помош на црквата и граѓанството направено е и внатрешно уредување со иконопис и современ мермерен свод.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026


Чинот на осветуввање на овој црковен храм во поткожуфското село во гевгелиско привлече бројно граѓанство на радоста од овој храм да бидат поблиску со верата и Бог.

Жителите на Ново Конско пред црквата „Св.ДимитријСолунски“ во предвечерието на осветувањето

– „Црквата се гради прво во срцето, потоа во заедницата помеѓу лугето и на крај се гради храм изграден од камен, мермер и тули. Му благодариме на Бога што сме сведоци да го доживееме овој ден и да бидеме сведоци на осветувањето на овој храм“ рече во беседата на предвестието од осветувањето на храмот „Св. Диитриј Солунски“ во с.Ново Конско, отец Љупче Миланов од Гевгелиската Парохија.

– „Ако Господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини. (Пс. 126, 1).
Вака вели псалмопевецот, а ова се однесува на секој храм, како и на овој што денес го осветивме со Божјата благодат, преку Призивот на Светиот Дух во чинот на осветувањето, кога заеднички, сите се помоливме Господ да го испрати Својот свет благослов од Небесата“ – рече Митрополит Повардарски г. Агатангел на свечениот чин во с.Ново Конско.

Митрополит Повардарски г. Агатангел служи света Божествена литургија во црквата „Св.Димитриј Солунски“ во Ново Конско

– „Нека е честито, и од Бога благословено осветувањето на овој Божји храм.
По молитвите на Свети Димитриј Солунски, Господ да ни даде сили достојно да го славиме и почитуваме неговиот спомен, и да се подвизуваме во овој свет храм“ – со овој благослов Митрополит Повардарски г. Агатангел ја заврши церемонијата на осветување на црквата во Ново Конско.

Потоа во црковниот двор беше послужен свечен ручек за бројните посетители на настанот.

Да е за многу години, да служи за радост на тамошните жители, за свадби, крштевки, семејни радости и достојно испраќање во рајските градини.

 

Фото: Гевгелиско Архиерејско намесништво

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВТОРА награда за ФА „Бојмија“ во Романија

Next Post

Пеколни горештинија во Индија – 53 лица починати

Next Post
Пеколни горештинија  во Индија – 53 лица починати

Пеколни горештинија во Индија - 53 лица починати

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Дарко Прошев – најдобро време на трката во Катерини

ВИДЕО: Дарко Прошев – најдобро време на трката во Катерини

2 години ago
ГП „Богородица“ сардисана празнично

ГП „Богородица“ сардисана празнично

1 година ago
Дојран го одбележа општинскиот празник – 5 Ноември, Денот на ослободувањето

Дојран го одбележа општинскиот празник – 5 Ноември, Денот на ослободувањето

3 години ago
Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist