сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Доделени 28 станови од социјалната зграда во областа „Касарна“ во Гевгелија

На свечена церемонија во кругот на новоизградената социјална зграда во областа на некогашна Касарна во Гевгелија се изврши функционално предавање на зградата во употреба со доделување на клучевите од становите на 28 семејства, жители на општина Гевгелија, сите од социјален ризик

септември 11, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Доделени 28 станови од социјалната зграда во областа „Касарна“ во Гевгелија
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска на свечена церемонија во кругот на новоизградената социјална зграда во областа на некогашна Касарна во Гевгелија се изврши функционално предавање на зградата во употреба со доделување на клучевите од становите на 28 семејства, жители на општина Гевгелија, сите од социјален ризик.

Клучевите од становите ги додели Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.
Пред тоа им се обрати на новите станари, кои беа поканети на церемонијата

Related posts

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

– „Нема да дозволам да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава. Ранливите категории граѓани сами нема да ги решаваат своите потреби без поддршка на државата, затоа правиме системски решенија – домувањето е едно од тие решенија“ истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски на семејствата им посака:
– „Убави моменти со Вашите најблиски, во Вашите домови и да Ве служи здравјето. Нека е со среќа“

Честитките беа од срце, а солзите радосници сами доаѓаа. Овде имаше семејства кои над 20 години биле подстанари и со овој чин за првпат стекнуваат дом.

Распределбата беше транспарентна со јавен оглас на кој конкурираа граѓаните од ранливите групи, семејства во социјален ризик, самохрани родители, деца самци без родители со ниски лични примања и корисници на една од мерките за социјална помош, преку Центарот за социјални работи Гевгелија.

Ковачевски беше во придружба со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргиевски. По доделувањето на клучевите од становите тие посетија некои од семејствата во новите станови. Возбудата беше голема, среќата уште поголема.

Новата станарка во социјалната зграда во „Касарна“ го дочекува Премиерот во својот дом

Распределбата беше транспарентна со јавен оглас на кој конкурираа граѓаните од ранливите групи, семејства во социјален ризик, самохрани родители, деца самци без родители со ниски лични примања и корисници на една од мерките за социјална помош, преку Центарот за социјални работи Гевгелија.

Министерот Бочварски посочи дека да се има дом не е привилегија туку основно човеково право кое еве оваа Влада на СДСМ го испорачува со изградбата на социјални станови во повеќе општини во државата, меѓу кои и во Гевгелија.

Првата станарка на стан бр.3 ги дочека кај себе Премиерот, Министерот за транспорт и врски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, пратеничките во Собранието на РСМ, претседателот на СДСМ Гевгелија

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргиевски, посочи дека зградата е инвестиционен влог на Владата од 102 милиони денари, дека се изградени 54 станови со површина од 38 и 40 метри квадратни. По распределбата денеска на првите 28 стана, ќе следува и јавна постапка за доделување на преостанатите 16 стана.

Социјалната зграда во областа „Касарна“ во Гевгелија

– „Благодетот на социјалното домување веќе го чувствуваат многу наши граѓани од Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, овде во Гевгелија, а од денеска и 6 семејства во Демир Капија. Социјални станови ќе добијат и наши граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.
На семејствата кои денеска добија социјални станови им посакувам многу здравје и убави моменти во новите домови“ – истакна Премиерот Ковачевски.

Свечената церемонија на ставањето во функција на новоизградената социјална зграда во Гевгелија

Социјалната зграда во месноста „Касарна“ во Гевгелија денеска доби нови станари во новите домови изградени со поддршка на Владата. Во сите нив жителите нека најдат семејна радост и среќа.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Ѓоковиќ го освои трофејот на US OPEN и 24-та Грен слем титула

Next Post

ВИДЕО: Македонија со победа над Малта се врати во трката за ЕП!

Next Post
ВИДЕО: Македонија со победа над Малта се врати во трката за ЕП!

ВИДЕО: Македонија со победа над Малта се врати во трката за ЕП!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интервју со Д-р Окова: Амбулантата по „Медицина на труд“ во служба на здравјето на работникот

Интервју со Д-р Окова: Амбулантата по „Медицина на труд“ во служба на здравјето на работникот

2 недели ago
Почина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

Почина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

1 месец ago
Замрзнати цените на овошјето и зеленчукот од 55 до 110 денари

Замрзнати цените на овошјето и зеленчукот од 55 до 110 денари

6 месеци ago
Бесплатен зимски одмор за 13 деца од социјално ранливи смејства од Гевгелија

Бесплатен зимски одмор за 13 деца од социјално ранливи смејства од Гевгелија

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist