Детската екипа на КУД „Негорци“ од Негорци имаше успешен настап на традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ што се одржува по 38-ми пат во Виница, Македонија.
На фестивалот во изминатите пет дена (од 8 до 13 септември) учествуваа ансамбли и фолклорни групи од Европа како и ансамбли од повеќе градови на Македонија.
За сите љубители на Македонскиот фолклор и музика беше организирано свечено Дефиле во централното јадро на Зрновци и богата Фолклорна фестивалска програма на плоштад Свети Димитрија.
Детската група на КУД „Негори“ настапи со своја разиграа програма од југот на Македонија, на сцената каде настапија уште 13 играорни групи и друштва од земјата и странство.
Настапија младински ансамбл „Китка“, КУД „Копачка“ од Драмче, КУД „Љупчо Сантов“ од Оризари, „Китка“ (детски ансамбл), КУД „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, КУД „Митко Алексов“ од Кочани, КУД „Негорци“ од Негорци, „КУД „китка“ сениори, КУД „Фолклористи“ од Крива Паланка. Од меѓународните Културно-улетнички друштва настапија КУД „„Благоевград“ од Благоевград, КУД „Киев“ од Украина, КУД „Приједор“ од република Српска, од Босна и Херцеговина и КУД „Трстеник“ од Александровац, Србија.
КУД „Негорци“ овде се стекна со Диплома за дадениот особен придонес и успешно негување и презентација на народната традиција и реализирањето на Фестивалот.
Фестивалот е во организација на Ф.А. „КИТКА“ од Истибања, додека Општина Виница заедно со Министерството за култура се генерални покровители.
Со реализација на ваквите настани продолжува да се негува и пренесува Македонскиот фолклор, култура и традиција и на новите генерации.
Честитки за нашите посветени играорци кои секаде каде што настапуваат собираат овации, аплаузи и бројни награди.
Фестивалската програма заврши вчера попладне со големо оро од сите учесници на 38-миот Мееѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо 2023“.