Планината Кожуф над Гевгелија е редовно место за посета на планинарите, туристите мераклии на чист воздух и природа, но и на гастрономите кои после долгото пешачење, или кислородната доза која им отвара апетит, сакаат да вкусат мераклиска гозба во природа.
Таквото искуство Ви го пренесуваме од нашинецот Џоко Ризов кој покажува мајсторска вештина на приготвување јадење во природа.
За денеска ја одбравме неговата мајсторија во подготовка на „телешки кременадли на камена плотна“ во сенките на Кожуф.
Рецептот ќе го „изедете“ со очи, а може да посакате да го пригорвите и дома на домашната скара во двор.
Добар апетит!