На 17.09.2023 во времето од 10:00 до 18:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 106 прекршување на брзината, во четири општини од регионот на надлежност на СВР Струмица, каде била спроведена кацијата.
Од сите констатирани прекршоци 53 се регистрирани на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија.
Тоа значи дека возачите во Гевгелија учествувале само 10 % од вкупниот број на констатирани прекршоци во вчерашниот неделен ден, од контролираните општини во регионот. Најнедисциплинирани се возачите на Радовиш. Од осумчасовниот временски период на спроведена акциска контрола на брзината на движње на возилата произлегува дека во Гевгелија на секој 46 минути се регистрирал по еден „брзински возач“, а во Радовиш тој просек на прекршок со пречекорување на брзината се случувал на секои девет (9) минути.
Мораме да истакнеме дека на почетокот на годината рекордот во „брзински прелети“ го имаа возачите во општина Гевгелија, со ритам на казнени возачи „брзинци“ на секои 9 минути. Изгледа честите контроли ги дисциплинираат возачите и во Гевгелија.
Инаку, од вчерашната акција, најчесто пречекорувањата на брзината се случувло надвор од населено место. Такви се констатирани 57 од вкупниот број на пречекорувања на брзината (106), а 49 во населено место, од кои 3 возила се движеле со брзина над 50 километри над час повеќе од дозволената.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно законски санкционирани.