Учениците и наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија денеска изведоа еднодневен „есенски крос“ до Негорските минерални Бањи со цел да го поздрават доаѓањето на есента, воедно и да испратати порака по повод 22 септември – Ден без автомобили.
Утринското пешачење беше повод за дружба и попатна песна, а кога се пристигна на локацијта кај Негорските Бањи се запоседнаа ладовините и се играа групни игри. Топката беше придружник во играта, се играше одбојка, фудбал, се правеа фигури, се трчаше и уживаше.
Денот во природа е пораката почесто да престојуваме на чист воздух, а преку пешачење да допре сознанието до децата дека пешачењето е здраво, автомобилите ја загадуваат животната средина и потребно е да се користат алтернативните превозни средства кои не загадуваат.
Со пешечењето на растојаниео од 4 км до Бањите оваа порака сигурно ќе биде запомнета.
Инаку есента доаѓа утре, сабота, 23 септември, во 8 часот и 50 минути.