Во недела 01 октомври 2023 година Црквата ќе им оддаде почит на сите македонски светители, за која цел е предвидено одржување на Света Божествена Литургија.
Ваква почит ќе биде искажана и во Гевгелија со одржување на света Божествена Литургија, на која се поканува да присуствува целиот македонски православен народ. Истата ќе се одржи во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.
Православното свештенство од црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија со поканата до верниците упатуваат и желба тие да бидат дел од овој традиционален собор, „кој имаме силна желба и потреба истиот да го одржиме жив уште многу години“
Светата Божествена Литургија ќе започне во 08.45 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, како и бројно македонско свештенство и монаштво.
За многу години !