Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмен, основач на познатиот бренд „Паскалин“ на кафето „Евита“, „Мерак“, на фирмата „Ба-Џо компани“ и други помошни бизнис компании, светски трговец и промотор на вкусовите на Гевгелија, на денешен ден, 26 септември 2021 година, почина ненадејно од срцев удар.
Веста за прераната загуба пред две години ја објави GevgelijaNet.com, а истата како шокантна вест за загубата на гевгелиската бизнис заедница и македонската бизнис фела, упокојувањето на познатиот гевгелиски бизнисмен ја превзедоа повеќе македонски портали и медиуми.
Пејчо Илиев беше основач на компанијата „Паскалин“ и познатиот бренд на кафе присутен во сите домови пред се’ поради извонредниот маркетиншки настап и бројни наградни игри со кои го носеше вкусот на кафето во секој дом заедно со пригодни награди.
Неговите амбиции продолжија во тој тренд да ја задоволува потрошувачката клиентела од Македонија и регионот. Беше основач и на фирмата за производство, дистрибуција на јаткасти производи . Потоа го основаше и трендот на новиот вкус на кафето под име „Евита“ и „Мерак“. Не застана тука, ја продолжи палетата на уживатели на топлите напивки со понуда на топло чоколадо, какао, капучина со разни вкусови и други мерак уживања за традиционалните семејни собирања, бизнис средби, и финале на секој ручек.
Бизнис амбициите не престанаа тука, се усмери и во полето на земјоделското произвоство и заедно со партнери ја основаше и фирмата „Баџо“ за производство на земјоделски култури, за кои изгради најсовремени оранжерии по системот капка по капка, но и со користење на топлите извори за загревање на оранжериските производи од изворите на топла вода кај Смоквица.
Беше основач на ладилно откупен центар на „Ледра Агро“, инвестиција кофинансирана од ИПАРД програмата на Европската Унија и изгради свој откупно-дистрибутивен магацин со ладилник во атарот на Негорци.
Основаше и свој магацин во Богданци за производната фирма „Баџо“, а неостварена амбиција му остана проектот за изградба на Спа центар со хотел со пет yвезди во атарот на Смоквица каде се наоѓаат подземните топли води во Гевгелиско, за што стапи во партнерски однос со фирма од Словенија.
Бројни пријатели, бизнис колеги и партнери на овој ден пред две години испорачуваа проштални пораки до директорот Пејко Илиев, гевгеличанецот кој покажа дека амбициите колку и да се големи се остварливи, со добар план, фокусираност, вистински бизнис потези и партнери кои нема да ве поткусурат.
Гевгелија изгуби голем стопанственик, маркетиншки промотор на вкусовите и плодовите од Гевгелија, спонзор на многу спортски, хуманитарни настани, подржувач на јавни настани и проекти за градот и општината.
Вечен спомен за овој вреден човек од нашата заедница!