петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонката Ана првак на „Hippo“, светска олимпијада по англиски јазик, Богданчанката Катја финалистка и освоено 7-мо место

Македонија имаше уште две ученички финалистки на Олимпијадата - Катја Гогова од ООУ “Петар Мусев”, Богданци, категорија „Little Hippo“ и Тамара Николовски од ООУ “Гоце Делчев”, Битола, категорија „Hippo 3“

октомври 1, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Македонката Ана првак на „Hippo“, светска олимпијада по англиски јазик, Богданчанката Катја финалистка и освоено 7-мо место
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Средношколката Ана Радеска од Скопје е првак на светската олимпијада по англиски јазик во „Hippo 3” категоријата која се одржува во Италија.

Таа се пријавила на натпреварот минатата година како деветтооделенка на ООУ„Лазо Ангеловски“ по сопствена иницијатива со голема поддршка од родителите.

Related posts

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Победничката Ана Радеска слави со Македонското знаме

Aна ги победи конкурентките од Романија, Хрватска, Малезија, Азербеџан, Словенија, Италија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Полска, Јордан, Кина, Саудиска Арабија, Пакистан и Турција освојувајќи најмногу поени од сите учеснички на Олимпијадата.

Ана на врвот со најмногу освоени поени

Во Рим како финалисти од Македонија се исто така уште две ученички, Катја Гогова од ООУ “Петар Мусев”, Богданци, категорија „Little Hippo“, со менторот Оливера Прочкова Узунова и Тамара Николовски од ООУ “Гоце Делчев”, Битола, категорија „Hippo 3“, ментор Сашка Делова.

Нашата богданчанка Катја успеа да се пласира во финалниот круг од натпреварот и овде се пласираше на 7-мо место со освоени 96,08 поени од вкупно 30 натпреварувачи од 18 земји од Светот.

Катја Гогова од Богданци на 7-мо место на светската Олимпијада по англиски јазик „Хипо 2023“

„Hippo-Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји, а оваа година имаше над 80.000 учесници од целиот свет.

– „Уште во првата година од олимпијадата, 2012 имавме победник во финалето, Елена Карамачоска од приватното училиште „ЕЛИТ“ од Струга. Потоа секоја година имаме финалисти од Македонија, а и победници во светското финале, велат за Градска.мк од ” Hippo Macedonia”

Минатата година Вања Ѓорѓиоски од ООУ „Климент Охридски“, Прилеп (ментор Фросина Ацеска) исто така освои 1. место во финалето во Италија. Оваа година Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп освои 1. место во светото во пишување есеи во категоријата Хипо 1, повторно организирани од Глобал Хипо.

Исто така Олимпијадата годинава беше под покровителство на МНР на Италија.

Од “Hippo Macedonia” изразуваат голема благодарност до амбасадорот Весел Мемеди кој присуствуваше на церемонијата и даде поддршка на децата.

– „Тоа е единствена поддршка од државата што некогаш ја добиле учесниците од почетокот на Олимпијадата“, додаваат тие.

Главната цел на  Hippo “English Without Borders” Олимпијадата е да се создадат и негуваат пријателски односи, меѓународно разбирање и дух на спортска конкурентност меѓу младите заинтересирани за англиски јазик од целиот свет.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Next Post

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона добија Нобелова награда

Next Post
Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона добија Нобелова награда

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона добија Нобелова награда

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Спасени и згрижени штркот од ГП „Богородица“ и штркот-талкач во Гевгелија

Спасени и згрижени штркот од ГП „Богородица“ и штркот-талкач во Гевгелија

2 години ago
Трагична сообраќајна несреќа во Гевгелија, загина едно лице

Трагична сообраќајна несреќа во Гевгелија, загина едно лице

1 година ago
Швајцарија со песната „Код“ победи на Песна на Евровизија 2024

Швајцарија со песната „Код“ победи на Песна на Евровизија 2024

1 година ago
Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist