сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СВЕТ

Нобеловата награда за мир за 2023 ја доби Иранката Наргес Мохамади

Признание за жената мачена во озлогласениот затвор: „Евин“ во Техеран, која и денеска е во затвор, како борец за човекови права, а власта ја обвинува за активности против државата

октомври 6, 2023
in СВЕТ
Нобеловата награда за мир за 2023 ја доби Иранката Наргес Мохамади
0
SHARES
30
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Иранката Наргес Мохамади (51) е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година.

Како што е наведено од Комитетот, таа ја добила наградата за борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзините напори да ги промовира човековите права и слободата за сите.

Related posts

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

јуни 22, 2025
Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

јуни 17, 2025

Во образложението на наградата се наведува дека храбрата борба на Наргес Мохамади имала огромна лична цена.

„Севкупно, иранскиот режим ја апсеше 13 пати, ја осуди пет пати, со вкупно 31 година затвор“, рече Берит Рајс-Андерсен, шеф на Нобеловиот комитет во Осло.

Наргес Мохамади сè уште е во затвор.

Таа е ирански активист и заменик-шеф на Центарот за бранители на човекови права, основан од нобеловката Ширин Ебади.

Мохамади беше апсена повеќепати од 1998 година и моментно се наоѓа во озлогласениот затвор „Евин“ во Техеран поради ширење пропаганда.

Оваа година таа беше вклучена и на листата на 100 инспиративни и влијателни жени на Би-би-си од целиот свет.

Во декември минатата година, за време на протестите предизвикани од убиството на Махса Амини во притвор, Наргес Мохамади во извештајот објавен од Би-би-си детаљно го опиша сексуалното и физичкото малтретирање на притворените жени.

Во јануари оваа година таа објави шокантен извештај од затворот, во кој детаљно ги опишува условите на жените во затворот „Евин“, вклучително и список од 58 затвореници и процесот на испрашување и тортура низ кој поминале. Од овие жени, 57 поминале вкупно 8.350 дена во самица. 56 од нив се осудени на вкупно 3.300 месеци затвор.

Мохамади првпат беше уапсена во 1998 година поради критикување на иранската влада. Таа помина една година во затвор. Во април 2010 година таа беше повикана во Исламскиот револуционерен суд поради нејзиното членство во Центарот за бранители на човековите права.

Наргес Мохамади го поминала својот живот борејќи се за човековите права во Иран. Поголемиот дел од последните две децении таа го помина во затвор. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица.

Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата.

Таа беше осудена и на 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата.

Новинарите ја прашаа шефицата на норвешкиот Нобелови комитет, Берит Реис-Андерсен, што ќе се случи во декември кога Мохамади треба да ја прими наградата.

Реис-Андерсен рече дека се надева дека иранските власти ќе донесат правилна одлука и ќе ја ослободат Мохамади од затвор за да може да присуствува на церемонијата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Бензините поевтинуваат, се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија

Next Post

Македонија освои 18 медали на меѓународен натпревар во Џиу Џица, од нив 11 златни

Next Post
Македонија освои 18 медали на меѓународен натпревар во Џиу Џица, од нив 11 златни

Македонија освои 18 медали на меѓународен натпревар во Џиу Џица, од нив 11 златни

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Освоени ПЕТ Подиуми на ноќна трка во Грција од АК „7 Ноември“ Гевгелија

Освоени ПЕТ Подиуми на ноќна трка во Грција од АК „7 Ноември“ Гевгелија

10 месеци ago
Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

1 година ago
Пекарите попуштија – Од утре леб и за 33 денари

Пекарите попуштија – Од утре леб и за 33 денари

2 години ago
ВИДЕО: ВАРДАР кај Гевгелија пред  БОГОЈАВЛЕНИЕ

ВИДЕО: ВАРДАР кај Гевгелија пред БОГОЈАВЛЕНИЕ

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist