Тиквата ја сметаат за кралица на есента.
Кој јаде многу тиква, никогаш нема да има болки во желудникот, вели старата медицина. Иако тиквата не им е омилена намирница на сите, нејзините лековити својства се од непобитно значење и затоа се нарекува кралица на есента.
Во својот состав има висока количина на антиоксиданси и каротен, особено витамин Ц и Е, а со своите лековити состојки е идеална во борбата против срцевите заболувања, ризикот од рак, очното перде и мозочниот удар.
Сиромашна со калории, сè на сè 28 на 100 грама, а богата со минерали, од кои најважен е калиумот за работата на срцето, фосфорот и калциумот кои задно делуваат во изградбата на коските и забите, железото важно за крвта, како и манганот кој го чува здравјето на кожата и `рскавиците.
За нов вкус во вашето домашно мени предлагаме да пробате лепчиња со тиква – меки како памук, воздушести како перничиња, со прекрасен златен колорит од тиквата, а вкусот неверојатен и фантастичен, топло лепче обвиткано со шармантна арома од тиквата.
Состојки:
– 600 гр. брашно,
– 10 гр. свеж квасец,
– лажица сол
– лажица маслиново масло,
– 300 гр. тиква варена,пасирана,
– 400/500 мл. вода.
За постапката на приготвување, погледнете од видеото: