Овај викенд во Севлиево, Бугарија се одржа последната трка од BMU EUROPEAN CHAMPIONSHIP каде македонскиот мотокросист Христијан Илиовски Кико, инаку член на МК „Пелистер“ Битола, го освои првото место. Кико извоза 18 трки и испиша 18 победи на трасите, сите со извонреден резултат.
Воедно, Христијан Илиоски како член на Мотокрос клубот „Пелистер“, ја надополни одличната сезона со рекордна 12 титула во државното првенство, 12-кратен носител на титулата Државен првак на Македонија, каде што стигна до вкупно 102 победи во кариерата.
Носителот на Европскиот победнички пехар од BMU EUROPEAN CHAMPIONSHIP 2023 изјавува дека е среќен и благодарен на сите што го поддржуваа во изминатата натпреварувачка сезона 2023, меѓу нив и „Конти-Хидропласт“ од Гевгелија.
ЧЕСТИТКИ за Европскиот МОТО-победник од Македонија!