Со Сертификат доделен од Светската атлетска федерација на организаторот на гевгелиската трка „November run 20203“ стазите за трките од 5 и 10 километри се официјално потврдени за детално измерени и точни.
Документот е со важност до 31.12.2027 година, со намера традиционалната гевгелиска трка по повод Општинскиот празник 7-ми Ноемви да продолжи да се изведува секоја година. Потписник на Сертификатот е Луција Колиц, од Словенија, која е Интернационален администратор за мерење на официјалната стаза за трките на „November run 20203“.
Веќе 2.000 тркачи се пријавени за учество на трките во Гевгелија и ќе застанат на стартната линија во недела на 5ти ноември во Гевгелија, и сабота 4-ти ноември кога ќе се одржи детската трка. Дел од учесниците се атлетичари, дел се симпатизери на трчањето како од градот, регионот така и од други места во државата, а потврдени се и атлетичари од странски земји.
Со 60-ина пријавени учесници од странство од 14 различни држави се истакнува меѓународниот карактер на трката „November run Gevgelija 2023“
Резултатите од трката во Гевгелија ќе се важат како резултати за Државно првенство на Македонија за патеката од 10 километри на пат.
Во недела, сите учесници ќе трчаат на сертифицирана стаза кој сертификат е меѓународно признат, а со тоа и сите остварени резултати на домашните и странските натпреварувачи!
Пријавите за учество на трката се затвораат во вторник на 31.10.2023!