Министерството за здравство има поставено апликација за самостојно електорнско закажување за скрининг мамографија за жените кои имаат сомнежи или знаци, или своја лична превентива за рано детектирање на рак на дојка.
Пријавувањето за скрининг мамографија е доброволно и се спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка на Република Северна Македонија.
Преку оваа страница (https://skrining.zdravstvo.gov.mk/) може да се пријават жени на возраст од 45-69 години кои се без присутни симптоми за рак на дојка, и кои последните две години не направиле мамографија. Исто така, можат да се пријават и жени на возраст од 40-44 години ако:
– Имаат позитивна фамилијарна анамнеза кај еден или повеќе членови во фамилијата со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас
– Имаат позитивен BRCA1 и BRCA 2 тест за позитивни генетски мутации
– Имаат густи дојки
Со пополнување на формата се регистрирате за скрининг мамографија директно во националниот систем „Мој Термин“.
Согласно распоредот предвиден во планот за скрининг мамографија, ќе добиете порака за закажаниот термин за скрининг мамографија.
Прегледот за скрининг мамографијата согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка е БЕСПЛАТЕН.
Ако сакате да се пријавите пополнете го формуларот на овој ЛИНК:
https://skrining.zdravstvo.gov.mk/screeningapplication