четврток, 27, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември

Денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор во далечната 1944 година, 7 Ноември и годинава ќе биде одбележан со низа културни и спортски настани

ноември 1, 2023
in ФОКУС
Пет дена чествувања по повод Општинскиот празник на Гевгелија 7 Ноември
0
SHARES
387
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор во далечната 1944 година, 7 Ноември и годинава ќе биде одбележан со низа културни и спортски настани во органзација на јавните установи на локално ниво и спортските организации.

Програмските случувања ќе се одвиваат од 3-ти ноември (петок) па се до празничниот ден 7 ноември (вторник) следната недела.

Related posts

ВИДЕО: Отворен  ДНЕВЕН ЦЕНТАР за стари лица во Гевгелија

ВИДЕО: Отворен ДНЕВЕН ЦЕНТАР за стари лица во Гевгелија

август 26, 2026
Богата фолклорна вечер „Фолклорот не’ збратимува“ во Прдејци

Богата фолклорна вечер „Фолклорот не’ збратимува“ во Прдејци

август 25, 2026

Чинителите на програмата денеска на прес конференција ги објавија настаните кои за јавноста ќе бидат бесплатни и празнични.

Претставници на јавните институции кои се реализатори на празничната програма: С. Марковски, Ц.Танчевска, М.К.Массетти, Ѓ.Милков и А.Делиџаков

Празничната програма се отвара со Свечена академија на СОУ „Јосиф Јосифовски“ по повод 70 години гимназиско образование во Гевгелија.
На 4.11. (сабота) ќе се одвиваат детските трки и првата инклузивна трка на големиот спортски настан „November Run Gevgelija 2023“. Трките стартуваат од 13:30 па се до 16:00 часот кога гевгелиските улици ќе ги запоследнат над 1.000 деца пријавени за трките од генерација 2017 (6 годишна возраст) и нагоре, до генерација 2010 (13 годишна возраст).
Вечерниот термин е резервиран за пијано концерт на Глигор Гелебешев, музички уметник кој е роден во Гевгелија и овде го завршил и основното музичко образование во музичкото училиште „Васо Карајанов“ во Гевгелија.

Недела, 5.11. се главните трки на стази од 5 и 10 километри од меѓународниот спортски настан „November Run Gevgelija 2023“.
Вечерниот термин е резервиран за манифестацијата „Фолклорен ѓердан“ со настап на КУД од општината и регионот.

Понеделник 6.11. свој термин традиционално за празникот имаат гевгелиските уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија кои творат во Гевгелија и ги сликаат спомените од југот, со вечерен термин во изложбениот салон на објектот АМАМ Гевгелија.
Потоа следува театарската претстава „Аудиција“ на Владимир Милчин со гостување на актерскиот ансамбл на НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Празничниот ден 7 Ноември ќе започне со полагање свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци за време на НОБ од Гевгелија и Гевгелиско. Советот на општината ќе има свечена седница, а чествувањата ќе ги затвори концертот на гудачкиот камерен оркестар „АЈГА“.

Петте дена празнична програма ќе донесе девет настани за публиката, свечена Академија, шест трки, пиано концерт, фолклорна вечер, изложба на уметнички дела, театарска претстава и цвеќе за борците од НОБ.

Нека ти е честита 79-та слободарска годишнина Гевгелија!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Бесплатен ученички оброк за деца од ранливите категории семејства

Next Post

ВИДЕО: Победи и заплака – „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

Next Post
ВИДЕО: Победи и заплака –  „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

ВИДЕО: Победи и заплака - „Деца и бебиња умираат во Палестина, тешко ми е!“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Хаос на „Евзони“ – возачите пред конфликт!

ВИДЕО: Хаос на „Евзони“ – возачите пред конфликт!

4 недели ago
Главчев избран за Претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија

Главчев избран за Претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија

1 година ago
Шверцер на мигранти со автомобил удрил во друго возило и побегнал

Шверцер на мигранти со автомобил удрил во друго возило и побегнал

2 години ago
Лишен од слобода гевгеличанец поради сомнение за фалсификат

Лишен од слобода гевгеличанец поради сомнение за фалсификат

4 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Отворен ДНЕВЕН ЦЕНТАР за стари лица во Гевгелија
  • Богата фолклорна вечер „Фолклорот не’ збратимува“ во Прдејци
  • Гоца Тржањ со концерт на Дојранско Културно лето

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Отворен  ДНЕВЕН ЦЕНТАР за стари лица во Гевгелија

ВИДЕО: Отворен ДНЕВЕН ЦЕНТАР за стари лица во Гевгелија

август 26, 2026
Богата фолклорна вечер „Фолклорот не’ збратимува“ во Прдејци

Богата фолклорна вечер „Фолклорот не’ збратимува“ во Прдејци

август 25, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist