Во организација на локалното Културно-уметничко друштво „Браќа Толеви“ од Прдејци синоќа во ова населено место од гевгелиско се одржа богата фолклорна вечер со гости од Србија и соседството.
На сцената од Културниот дом во Прдејци настапија играорците од КУД „Пискавица“ од Бања Лука, Босна и Херцеговина, КУД „Негорци“ од Негорци и домаќините-организатори ЗКУД „Браќа Толеви“ од Прдејци.
Настанот беше одржан под мотото „Фолклорот не’ збратимува“, а тоа се докажа со долгогодишното пријетелство и соработка со фолклорното друштво „Пискавица“, од Бања Лука, каде минатата година гостуваа и фолклористите од Прдејци на посебна концертна вечер со свој настап од богатата македонска фолклорна ризница. Пријателството трае веќе 24 години и доживеа нови генерации фолклористи и нови пријателства кои траат.

- „Оваа фолклорна разгледница со нашите пријатели од КУД „Пискавица“ трае полни 24 год преку градење на пријателство, љубов и соработка со што докажуваме дека фолклорот нема граници. Со надеж и желба за здравје, среќа и радост наредната година успешно го прославиме нашиот голем јубилеј, 25 година активна работа и промотори на македонскиот фолклор“ – изјави за GevgelijaNet претседателот на КУД „Браќа Толеви“ Венци Попов.
Публиката уживаше во настапот на фолклорните друштва, наградувајќи ги изведувачите со аплауз и послеконцертно дружење со пријателите од Бања Лука и Негорци.





















