Полициската станица Гевгелија денеска поднесе две кривични пријави за две лица од Гевгелија за кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „„соизвршителство“.
Првата кривична пријава е поднесена против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Втората кривина пријава е против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.
Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.
По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.