сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Доделени Благодарници за хуманитарност и достигнувања на гевгелични

Шест поединци од кои 4 пожарникари, еден уметник и планинар-велосипедист заедно со хуманитарни организации се добитници на Благодарници за достигнувања, хуманост и афирмација на општина Гевгелија доделени на Свечена седница на општина Гевгелија, по повод Општинскиот празник 7-ми Ноември

ноември 8, 2023
in ФОКУС
Доделени Благодарници за хуманитарност и достигнувања на гевгелични
0
SHARES
497
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Шест поединци од кои 4 пожарникари, еден уметник и планинар-велосипедист заедно со хуманитарни организации се добитници на Благодарници за достигнувања, хуманост и афирмација на општина Гевгелија доделени на Свечена седница на општина Гевгелија, по повод општинскиот празник 7-ми Ноември.

Спасувачкиот хуманитарен тим на ТППЕ Гевгелија кој беше во еднонеделна спасувачка мисија во градот Адиаман во Турција во првите критични денови кога се бараа преживеани под урнатините, на сите четворица Кирил Калинов, Димитар Ѓоргиев, Горан Митков и Дејан Иванов им беше доделена Благодарница за хуманоста и пожртвуваноста која од Гевгелија је пренесоа во Турција. Чинот на врачувањето беше извршен вчера, во рамките на одбележувањето на 7-ми Ноември, општинскиот празник на Свечена седница на општина Гевгелија.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Благодарциците им ги врачи градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.

Уметникот Борис Петров за долгогодишното творештво и оживување на боите на југот со сета топлина и сончевина беше добитник на Благодарница за уметничка афирмација на Гевгелија. Заблагодарувајќи се на укажаната чест академскиот уметник Петров истакна дека се’ уште има желба за работа, инспирација за творештва и дека сака и понатаму да придонесува за Гевгелија.

Општинската организација на Црвениот крст на Гевгелија стана добитник на Благодарница за своите хуманитарни акции кои се се’ поблиску до народот, како и проектите „Асистент помошник“ и „Секое дете со својата автентичност“ со што хуманоста станува дел од семејните односи, грижата за лица со посебни потреби, поддршката на децата.

Лице „Асистент помошник“ ангажирано преку проектот на ЦК Гевгелија, во соработка со МТСП помага на лица со попреченост и им го олеснуваат секојдневието и животот

Благодарница за хуманитарни акции, донации на возило со рампа за лица со инвалидитет кои го користат здруженијата на лица со попречености во Гевгелија и Дневниот центар на лица со посебни потреби во Гевгелија, донирани музички инструменти за секциите при Домот на културата во Гевгелија и за солидната организација на уличната трка „Run together“ во рамките на 7-мо ноемвриските трки во Гевгелија, доби Фондацијата „Ице Бегов“. Истата ја прими основачот Елена Бегова, на свечена седница на општина Гевгелија.

Прва инклузивна трка во Македонија организирана во Гевгелија „Run together“ од страна на Фондацијата „Ице Бегов“
Наменско возило од Фондација „Ице Бегов“ за лица со попречености во Гевгелија

Меѓу заслужните за спортска афирмација на Гевгелија е и Ѓорге Ризов, член и координатор на „Гевгелија точак клуб“ кој годинава со својот велосипед се искачи на врвот Ухуру (5.895 мнв), врв на највисок планински масив во Африка, Килиманџаро. Овој раритет во спортското планинарство и несекојдневен подвиг му донесе Благодарница на Ѓорге Ризов за спортски досигнувања и спортска афирмација на Гевгелија во рамки на меѓународни спортски подвизи.

Ова се луѓето и институциите на кои Општината им искажа јавна благодарност со доделување Благодарници за ангажманот во своите професии, но и за севкупен придонес за Гевгелија и афирмација на Гевгелија.
Честитки до добитниците со поттик за нови достигнувања, стремежи и инспирација за новите генерации гевгелиски следбеници на својот животен избор и животен стил, во кој помагањето, одењето напред не треба да имаат граници.

Од Свечената седница на општина Гевгелија, Народен театар Гевгелија, 7.11.2023
ShareTweetShareSend
Previous Post

Цвеќе за гевгелиските првоборци Васо, Алеко, Деко и за стреланите од Конско и Негорци

Next Post

Македонскиот маратонец Поп Ацев влегува во Куќата на славните во маратонско пливање

Next Post
Македонскиот маратонец Поп Ацев влегува во Куќата на славните во маратонско пливање

Македонскиот маратонец Поп Ацев влегува во Куќата на славните во маратонско пливање

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Форумот на жени на СДСМ Гевгелија одржа трибина „Заедно против насилството врз жените“

Форумот на жени на СДСМ Гевгелија одржа трибина „Заедно против насилството врз жените“

2 години ago
ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

1 година ago
Отворена изложбата „Д-р Сингер, народен лекар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Отворена изложбата „Д-р Сингер, народен лекар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

1 година ago
Започна 36-то издание на „Фолк Фест Валандово“

Започна 36-то издание на „Фолк Фест Валандово“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist