петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

13 Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје, главниот град на Македонија

На овој ден пред 79 години Скопје е ослободен од фашистичката окупација во Втората Светска војна, а Народноослободителната војска на Македонија продефилирала низ слободните улици на ослободено Скопје, дочекана со цвеќе од граѓаните

ноември 13, 2023
in MАКЕДОНИЈА
13 Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје, главниот град на Македонија
0
SHARES
34
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот на ослободување на Скопје – 13ти Ноември 1944 година, денот на јасно исцртување на границите помеѓу доброто и лошото, прогресот и уназадувањето, фашизмот и слободата.

Битката за Скопје започнала на 11 ноември 1944 година, кога 42-та народноослободителна дивизија и Третата македонска бригада ги нападнале одбранбени позиции на германската армија во правец на Сопиште – Кисела Вода. Вечерта, по жестоките борби, македонските партизани успеале да ги поразат германските војници на линијата Лисиче – Сопиште и Кисела Вода – Бел Камен. Истовремено, 50-та народноослободителна дивизија ја разбила германската одбрана кај Катланово и се создале услови за напредување кон Петровец.

Related posts

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025
Во чест на двајцата Великани, Гоце и Тито – поврзани со влогот за Македонија и денот на заминувањето, 4 Mај

Во чест на двајцата Великани, Гоце и Тито – поврзани со влогот за Македонија и денот на заминувањето, 4 Mај

мај 4, 2025

По овие успеси, следниот ден силите на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија предводени од генералот Михајло Апостолски ги продолжиле борбите. На 12 ноември, борбите започнале да се одвиваат на скопските улици, а 42-та народноослободителна дивизија се борела во јужните делови на Скопје. Третата македонска бригада успеала да се пробие од Кисела Вода кон центарот на градот, поточно кај денешното македонско собрание, а на 12 ноември се воделе борби и кај старата железничка станица, учителската школа и поштата. Паралелно се воделе борби и за мостовите каде што германските војници жестоко давале отпор и биле подготвени да ги уништат со експлозив.

Михаило Митев Апостолски (8. XI 1906 –7. VIII 1987) е првиот македонски генерал, командант на ГШ на НОВ и ПОМ, народен херој, политичар, воен теоретичар, историчар и академик

За овие настани, Михајло Апостолски вели:
– „Во текот на ноќта помеѓу 12 и 13 ноември се развија жестоки борби; одделни згради како Народна банка, Поштата и други, по неколку пати преминуваа од раце во раце. Во тие борби голема улога изиграа ударните групи од градот… се појавија и со самопрегорен елан, нападнаа на Германците в грб, и в бокови, се поврзаа со нашите единици и вршеа улога на незаменливи водачи, оти точно го познаваа не само градот туку и организацијата на германската одбрана, та со тоа им укажуваа огромна услуга на нашите единици“–  се сеќава на историските борби за ослободувањето на Скопје генерал Апостолски.

Борбата за Скопје продолжила и на 13 ноември 1944 година, меѓутоа германската команда ја согледала реалната состојба на теренот и одлучила да повлече еден дел од германската армија кон Качаник. При повлекувањето на германската војска од северниот, североисточниот и западниот дел од Скопје биле употребени и германски оклопни тенковски единици, меѓутоа тие не успеале да ги извлечат германските војници од центарот на Скопје. Оттука само еден дел од германската војска успеала да се повлече, а другите биле опколени од силите на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија што се бореле во Скопје.

Партизани вклучени во борбите за ослободување на Скопје

Најсилен отпор дале германските војници што биле забарикадирани во учителската школа и поштата, тука борбите се одвивале до доцна во ноќта на 13 ноември, кога последните германски војници се предале. Воените операции во градот Скопје против непријателските вооружени сили се одвивале и на 14 ноември, односно македонските сили го проверувале теренот, барајќи остатоци од германската војска.

Борбите во околината на Скопје продолжиле бидејќи германската армија, со поддршка на голем број балистички воени групации, се обидела да ја уништи браната на Матка. Тука баталјонот од 12-та македонска бригада се судрила со околу 2.000 вооружени балисти. Битката се водела цел ден, сѐ додека не пристигнала помош од Скопје, а балистите имале значајни загуби. На 14 ноември, Скопје веќе било ослободено, меѓутоа борбите против соработниците на германската армија продолжиле кон Групчин и Тетово, а истовремено е спречен контранапад од западната и северозападната страна на Скопје.

Ослободителите на Скопје, партизаните со дефиле низ Скопје, 13 ноември 1944 год.

Независно од овие настани, на 13 ноември во ослободено Скопје продефилирале дел од единиците на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Неколку дена подоцна во Скопје пристигнале претставниците на Президиумот на АСНОМ и на Главниот штаб на Народноослободителната војска, како и политичките раководители и истакнати македонски дејци. Во Скопје се одржува парада по повод ослободувањето на Скопје, а на неа меѓу другите биле присутни Методија Андонов-Ченто (претседателот на Президиумот на АСНОМ) и генералот Апостолски (командантот на НОВ и ПОМ), како и многу други истакнати дејци.

Извор: Нова Македонија

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВУДЕО: Се разбуди Етна, најголемиот активен вулкан во Европа

Next Post

Трето место за АК „7 Ноември“ на Штафетна трка во Врање

Next Post
Трето место за АК „7 Ноември“ на Штафетна трка во Врање

Трето место за АК „7 Ноември“ на Штафетна трка во Врање

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

Обложувалниците и казината ќе се селат на најмалку 500 метри од училиштата

1 година ago
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Гевгелија

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Гевгелија

2 години ago
17 години без ТОШЕ

17 години без ТОШЕ

7 месеци ago
Ветровита Гевгелија

Ветровита Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!
  • Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist