Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Република Малта во Македонија денеска потпиша Договор за донација на медицинска опрема за потребите на Општа Болница Гевгелија, со проширена надлежност.
Дониран е еден апарат ЕКГ, аспиратор и друга медицинска опрема која многи ќе помогне при транспортот на пациенти со возилото на Итна медицинска помош.
Потписник на договорот за донација е неговата екселенција Амбасадорот на Малта во нашата земја Францеско Саверио Гиусти, а како потписник од страна на примателот на донацијата е директорот на Општа Болниза со проширена дејност Гевгелија, д-р Александар Киров.
Донацијата е веќе предадена на гевгелиската болница и истата е прераспоредена во одделението за Итна Медицинска помош. Донацијата има вредност од 300.000 денари, симболична, ама пријателска.
Д-р Киров заблагодарувајќи се на донацијата од ценетиот гостин и Р.Малта на Амбасадорот Гиусти му додели Благодарница со искрени намери соработката да продолжи и понатаму, во корист и за општото здравје на граѓаните од Гевгелија и од населените места каде Општа Болница Гевгелија има здравствена надлежност.