Три освоени подиуми и три медали од кои еден СРЕБРЕН и два БРОНЗЕНИ медали е резултатот на Кикбокс клубот „Аждер“ од Гевгелија со своите борци на годинашното Државно првенство во кикбокс што се одржа во неделата, на 1 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Носителите на медали се:
1. ПЕТАР ПЕЕВ – СРЕБРЕН медал – категорија „low kick“ – 75 kg
2. РИСТО ВЕНОВ – БРОНЕН медал – категорија „low kick“ – 71 kg
3. КРИСТИЈАН ДОНЕВ – БРОНЗЕН медал – категорија „kick lajt“ – 42 kg

На ДП настапија вкупно шест гевгелиски борци членови на КБК „Аждер“ од кои тројца се закитија со медали, а двајца имаа прв настап и прва борба со противник на терен. Сепак и новите борци имаа свои минути на слава, ги остварија првите победи, заедно со возбудата да се настапува, да се доминира во борбата и да се победи.

Државното првенство се одржа во бројна конкуренција со учество на 527 бодци од кикбокс клубови од цела држава.
КБК „Аждер“ од Гевгелија постои веќе 22 години и активно создава и тренира нови борци и поклоници на овој спорт, кој ете има и свои дострели и на државни натпревари. Тренер на тимот борци од „Аждер“ се Атанас Стојковски со Даниел Митров и Дејан Панов, помошник тернер.




















