понеделник, 30, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Македонката Мери – трократен Светски носител на ЗЛАТО во бодибилдинг и фитнес

Mери трета година по ред е светски шампион во боди-билдинг и фитнес за 2023, 2022 и 2021 година, вели живеела во семејство со семејно насилство и татко алкохоличар па минатото ја направило да биде толку силна денеска

ноември 17, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ЖИВОТЕН СТИЛ
Македонката Мери – трократен Светски носител на ЗЛАТО во бодибилдинг и фитнес
0
SHARES
106
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Дваесети четиригодишната Македонската бодибилдерка Мери Акиевска освои Златен медал во две категории на светскиот шампионатот што се одржа годинава во Санта Сузана, Каталуна во Шпанија, во бодибилдинг и фитнес.
Инаку Акиевска трета година по ред е светски шампион во боди-билдинг и фитнес за 2023, 2022 и 2021 година.

Related posts

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

јуни 29, 2025
ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

јуни 27, 2025

Таа на Инстаграм напиша дека е дека е горда на својата победа и благодарна што добила голема поддршка.

– „Чувството неможе да се опише, 4 пати ечеше химната на Македонија 4 пати капеа солзи од среќа. Македонија го освои Светското злато Јуниорска , Сениорска Категорија со две Апсолутни во двете категории. Луѓенца пресреќна сум , Ви благодарам на целосната подршка и што бевте покрај мене … Сега можам да одморам и да си каснам и јас малку вкусна храна годинава ја завршивме со многу златни титули благодарност на мојот Тренер. Бобан Ѓороски најпривин покрај него бев најдобар ученик и Шампион“, напиша таа.

Откако легнаа чувствата за остварениот успех Мери за магазинот „Фемина“ изјави:
– „„Израснав во семејно насилство. Мајка ми е борец, жена-кралица“.

Таа сподели дека израснала со татко алкохоличар и дека нејзината мајка ѝ е поддршка во секој нејзин подвиг.

– „Мене минатото ме направи тоа што сум денес. Да бидам толку силна, да издржам. Сите знаеме овој спорт колку е тежок, но за мене ова е нешто прелесно. Јас можам и уште потешко да издржам. Минатото ме доведе до тоа што сум денес, за да не се откажам и да го променам мојот живот колку можам. И чест и задоволство ми е што сама успевам и имам достигнато до тоа што сум денес.

Можам да кажам дека имам израснато во семејно насилство. Немаше мир. Татко ми беше алкохоличар. После некое време го изгубив и татко ми. Мајка ми ми е огромна поддршка и ден-денес за сите припреми. Таа жена е борец, жена-кралица можам да ја кажам. Премногу ми значи нејзината поддршка. Како самохран родител, таа многу има направено за мене. И јас за возврат ѝ носам сега среќа и се надевам дека е мотивирана и горда што има вакво дете како мене.

По потекло сум од Крива Паланка и одлучив да дојдам тука во Скопје затоа што во интернат имав повеќе услови отколку дома што имав во Крива Паланка. Таму живеев без струја и без вода. Немав услови за да се справам со тоа како ќе ме гледаат децата во школо. Бев како запоставено дете.
(Исповед за тешките услови во детството во 11та минута од видеото во прилог)

Мајка ми не дозволуваше да се двојам од останатите. Даваше сè од себе за да не се забележува дека нешто ми недостасува. Се дружев буквално со сите дечиња. И со тие што беа како мене случаеви и со тие што беа поимотни од мене. Немаше некоја разлика, освен јас во себе што размислував кога ќе си одам дома, како ќе учам во темно. Учев на свеќа.

Во школо сите си купуваа храна од продавница, од бурекџилница. Јас или носев од дома или мајка ми ги замолуваше некој да ми даде на вересија, за да имам да опстојувам.

Ова траеше со години, сè дури не дојдов тука. Никој не знаеше дека сум во таква ситуација, јас сум таков карактер, сè чувам во мене“, вели за „Фемина“ светска шамионка во бодибилдинг и фитнес, македонското девојче Мери Акиевска.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Денеска e Светски ден на предвремено родените деца

Next Post

Приведен 37 годишен жител на Опш.Гевгелија

Next Post
Приведен 37 годишен жител на Опш.Гевгелија

Приведен 37 годишен жител на Опш.Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

2 години ago
Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

2 години ago
ВИДЕО:  Товарен брод го сруши мостот во Балтимор, САД

ВИДЕО: Товарен брод го сруши мостот во Балтимор, САД

1 година ago
Празничен сообраќаен билтен

Празничен сообраќаен билтен

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist