Во текот на вчерашниот ден, четврток 16.11.2023 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура.
Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, на територијата на РС Македонија во текот на вчерашниот ден извршени се серија претреси, пронајдено е оружје и приведени се вкупно шест лица. Приведените се од општина Врапчиште (1 лице), од општина Македонски Брод (2 лица), општина Дебрца (1 лице) и општина Виница (1 лице), како и општина Гевгелија, горе споменатиот Г.Д.
При претресот пронајдени се пиштол, три ловечки пушки, четири воздушни пушки, муниција и други предмети.
Фото: МВР архива