Снегот ја обеле нашата планинска убавица, ја облече во бело не чекајќи да им отпаднат црвено-жолтите лисја на бујните шумски дрвја, кои ја прават така китнеста есенска природа во ноември на Кожуф.
Додека Кожуф упатува пејсаж на смирена зимска идила, Гевгелија денеска му одолева на ветрот со брзина и над 80 км/час.
Гевгелија рамна кути тепсија денеска е тркачка стаза за ветрот, а стамениот Кожуф е над неговите лудости, па му посака добредојде на првиот снег кој ги провеја патиштата, ги украси дрвјата, ги накити елките со снежен памук.
Фото: Гоце Тасевски – “Кожуф во бело”