четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одбележани 100 години од раѓањето на првоборецот ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ и патрон на истоименото училиште во Гевгелија

Јубилеен роденден на борецот од Гевгелија, Владо Кантарџиев и 79 годишниот патронен празник на истоименото училиште во Гевгелија

ноември 18, 2023
in ФОКУС
Одбележани 100 години од раѓањето на првоборецот ВЛАДО  КАНТАРЏИЕВ и патрон на истоименото училиште во Гевгелија
0
SHARES
323
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Првоборецот Владо Кантарџиев од Гевгелија е роден на 18.11.1923 година во Гевгелија. Денес се навршуваат 100 години од неговото раѓање а се одбележува и 79 годишниот патронат на основното училиште кое го носи името на овој првоборец од Гевгелија.

Владо Кантарџиев е еден од 20-те загинати борци од Гевгелија кои се приклучиле кон НОВ на Македонија од првата половина на 1943 година до средината на 1944. Тој иако од сиромашно гевгелиско семејство успеал да заврши Економско училиште во Скопје.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Како ученик дружел со прогресивни младинци, учесници на скопското и гевгелиското младинско движење. Повеќе пати растурал летоци и друг пропаганден материјал во Гевгелија и Скопје. Член на СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија) станал во 1942 година, а на КПЈ (Комунистичката партија на Македонија) во јуни 1943 година.

Oд едицијата „Загинаа за слободата 1941-1945“ – издадена од ОО од СЗБ од НОБ Гевгелија 1988

Владо замина во партизани заедно со групата од 13 младинци од Гевгелија на 20 април 1944 година, вклучувајќи се во составот на Втората македонска ударна бригада. Загина како борец на истата бригада на 12.06.1944 година во близина на селото Страмашино, Кавадаречко, во борба со бугарската фашистичка полиција.

Владо поминал 14 месеци во партизани со пушка во рака, загинувајќи од непријателски куршум на своја 19 годишна возраст.

Во чест на овој храбар гевгелиски младинец, борец, скоевец кој го положил својот живот за слободата, училиштето ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија синоќа му посвети свечена академија на која учество зедоа учениците од повеќе секции, драмска, играорна, денс група. За прв пат костимографски и кореографски беше изведен на сцената перформанс на партизанска екипа која изведуваше познати стихови на македонски автори инспирирани од борбата за слобода.


На свечената академија беше прогласена и првенката на генерацијата Лилјана Мајсторова.

Активностите по повод патрониот празник продолжуваат во понеделник, 20 ноември со положување свежо цвќе пред спомен бистата на во дворот на училиштето „Владо Кантарџиев“ Гевгелија.

Не си заборавен Владо. Децата го слават твојот ден на раѓање, ти носат свежо цвеќе на спомен бистата во училишниот двор и те споменуваат.

Вечна ти слава и благодарност!

ShareTweetShareSend
Previous Post

СНЕГ НА КОЖУФ

Next Post

КРАЛОТ СИ Е КРАЛ: Ѓоковиќ го „сомле“ Алкараз за пласман во финале во Торино!

Next Post
КРАЛОТ СИ Е КРАЛ: Ѓоковиќ го „сомле“ Алкараз за пласман во финале во Торино!

КРАЛОТ СИ Е КРАЛ: Ѓоковиќ го „сомле“ Алкараз за пласман во финале во Торино!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Подвигот на Никола – најмалиот планинар од Гевгелија

Подвигот на Никола – најмалиот планинар од Гевгелија

3 години ago
ВИДЕО: „Марш за 59-те ангели“ во Кочани

ВИДЕО: „Марш за 59-те ангели“ во Кочани

1 година ago
Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

11 месеци ago
Средношколци од Гевгелија на образовен престој во Германија

Средношколци од Гевгелија на образовен престој во Германија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist