Магичната кутија која носи гости дома, фестивали, цртани филмови, вести и информации, во светот беше изумена во првата половина од XX век, а после војната со обновата на замјата, создавањето на ЈРТ бргу, бргу пристигна и во Гевгелија. Телевизиските лица станаа препознатливи и славни, а семејствата во трка за престиж кога побргу да купат телевизор.
Првите куќи со телевизор дома беа често посетувани од гости, комшии, роднини на заедничко следење на спортски натпревари, семејни серии, вести. Постоеја толку популарни серии што улиците буквално се празнеа во градот во терминот на нивното емитување – за да не се пропушти омилената серија се брзаше пред телевизорот дома. Таква беше магчната привлечност на сериите “Династија”, “Далас”, Камионџии”, “Отпишаните”, “Позориште у кучи”, “Семејно благо” и др.
Денес, 21 ноември е Светски ден на телевизијата, прогласен од Генералното Собрание на OОН во 1996, како медиум со огромна моќ врз јавноста и општеството.
Фото: Гевгелиско семејство со пријателите го отвара ново купениот телевизор, рани 60-ти години на XX век, Дојранлиево маало