Грчкиот град Месолонги може да биде благодарен што има такви посветени жители како земјоделката во пензија Атина Папахристу, навидум обична жена со големо срце.
Таа донирала ново и целосно опремено возило на брза помош за итната служба во грчкиот град Месолонги. Возилото има вредност од 65.000 евра, а Атина го купила со нејзината лична заштеда, јави дописничката на МИА од Атина.
Од итната служба соопштија дека донацијата на Папахристу е во спомен на нејзиниот сопруг и истакнаа дека е постапка за пофалба.
Пенизионерката за грчките медиуми вели дека во минатото на неколку пати имала лошо искуство со брзата помош, или доцнела поради недостиг на возила, или се расипувало возилото, па била принудена да земе такси.
– „Па си реков, ќе земам едно да му служи на Месолонги“, рече Папахристу за грчката телевизија „Алфа“.
За грчките медиуми, откри и дека поставила два услови при донацијата: едниот, возилото да биде употребувано само за нејзиниот град, а другиот услов, секогаш кога ќе поминува пред нејзини куќа да ја поздрави со свирење.
Подобро да ја поздравува возилото на Брзата помош, отколку да ја вози за итна интервенција до Болница, оваа добродушна хумана жена. Нека поживее среќна за доборотата што им ја пружи на сите свои сограѓани.