Во 2007 година на иницијатива на оперскиот бејач Борист Трајанов во Македонија беше организирана акција за пошумување на голите терени низ државата позната како „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Денот беше прогласен за неработен и масовно се одвиваа акции на пошумување со присуство на вработени од институции, ученици од училиштата, здруженија на граѓани.
Во 2017 година Владата донесе одлука да се укине оваа акција, неработниот ден стана работен, а активностите за пошумување целосно му ги додели на ЈП за стопанисување со шумите.
Причина за ваквата одлука е слабиот бенефит од акциите со кои во текот додека се изведуваа, периодот од 2007 до 2016 г, биле засадени 35.000.000 садници на 13.000 хектари површина, а ефектот на истите бил некаде 0%, а некаде најмногу до 15%. Со толкав процент било ефикасно садењето на голините низ Македонија, т.е. едвам 15% од садниците и понатаму вегетирале на почвата.
Изворот на анализава не пренесува колкави трошоци биле направени за обезбедување на садниците, за логистичка поддршка на акциите, за превоз, за сендвичи, за медиумска кампања, за спотови.
Во Гевгелија беше формирано и Здружение на граѓани „Ден на дрвото“ за кое немаме сознанија дека е и понатаму активно на планот на пошумувањето.
Фото: Од акциите „Ден на дрвото во Гевгелија 2014 и 2016 год.