четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Лекарската Комисија за одобрување нега од друго лице во Гевгелија за 2 години решила 6.720 барања на граѓаните

На 29 ноември 2021 година започна да функционира првата оформена Лекарската комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице создадена да одговори на потребите на жителите од регионот Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, а веќе годинава прерасна во Регионална Комисија

ноември 29, 2023
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
Лекарската Комисија за одобрување нега од друго лице во Гевгелија за 2 години решила 6.720 барања на граѓаните
0
SHARES
945
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На 29 ноември 2021 година започна да функционира првата оформена Лекарската комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице создадена да одговори на потребите на жителите од регионот Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово.

Трочлената комисија сочината од лекари специјалисти од Општа болница Гевгелија одобрена од Министерствто за здравство, а во соработка со Министерството за труд и социјала преку разгледување на стручните дијагнози утврдува според закон кои граѓани имаат потреба од дополнителна нега од друго лице. Нивното одобрување е виза МТСП и Центарот за социјални работи да одобрат парична помош на лицето за користење прво на нега од друго лице.

Related posts

Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025
По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025

Ваквата своја здравствена и хумана мисија членовите на гевгелиската комисија си ја сватија сериозно. Д-р Зоран Прочков (спец.за физиотерапија), д-р Блаже Чочков (спец.интернист) и д-р Јасмина Јанева Здравкоска (спец. невролог) во првите два месеца имаа навалица од барања кои требаше да се разгледат и оценат. Се разгледуваа по 35 барања дневно. Месечниот учинок е 280 разгледани и проследени барања-одговори до МТСП. Годишниот учинок е – решени 3.360 барања.

Лекарската комисија се состанува два пати неделно во понеделник и среда, во просториите на Општта Болница Гевгелија – со проширена надлежност.

Проодноста на позитивниот одговор по барањата за нега од друго лице, според статистиката за 2023 година изнесува 85%. Имено во периодот од јануари до октомври разгледани се 2.827 барање на граѓаните за нега од друго лице, позитивно се решени 2.387 барања, а 440 се одбиени поради нецелосна докуметација.
Барателите до Комисијата треба да достават:
– дијагноза, комплетна здравствена документација за болниот, извештај од доктор специјалист не постар од шест месеци.

– „Доколку ова не е комплетно и со рокови запазено, комисијата таквите барања ги одбива, согласно Правилникот на Министерството за труд и социјална политика според кои принципи работи лекарската Комисија во Гевгелија. Така што барателот може да ја пополни својата документација и повторно да упати барање до Комисијата. Инаку, МТСП е институцијата која конечно исплаќа надомест за нега од друго лице“ – вели за GevgelijaNet административниот оператор на Комисијата, Ели Трајкова.

Од март 2022 година Комисијата во Гевгелија за остварување на правото за надомест за нега од друго лице прераснува во РЕГИОНАЛНА; така што освен за општините Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово. започнува да функционира и да разгледува барања и од жители/баратели од подрачјето на општините Неготино, Кавадарци и Демир Капија..

Своите барања граѓаните ги упатуваат до Комисијата во Гевгелија преку матичниот лекар со користење на системот „Мој термин“ . Резултатите од работата се одобрените илјадници барања, не само од Гевгелија и регионот, туку и од подалечните општини Велес, Гостивар. Предност на граѓаните е што преку системот „мој термин“ овде нашле слободен и близок по дата термин за упатување на своето барање за нега, а некои пациенти од други општини се „посреќиле“ со стручното мислење од гевгелиската лекарска комисија за одобрување на нега од друго лице.

Сето ова е за доброто на тешко болните и изнемоштени пациенти со дијагноза од доктор специјалист со која се потврдува дека заради здравствениот проблем не можат самите да ги обавуваат секојдневните животни потреби, па им е неопходна нега од друго лице. За ваквата одобрена нега МТСП одобрува паричен месечен надоместок од 5.380 денари за нега од друго лице од поголем обем и 4.760 денари за нега од друго лице од помал обем.

Во државата корисници на него од друго лице се над 45.000 граѓани.

Со новооформената здравствена комисија гевгеличани и жителите од регионот се „спасија“ од трошоци за патување кон комисии во други здравствени центри, пр. Скопје, Штип, Струмица и чекање на термин и по неколку месеци.

МТСП ЛИСТА на категории за користење паричен надоместок за нега од друго лице – ЛИНК.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Документарен филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“

Next Post

ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

Next Post
ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Kрвавиот пат на тинејџерот убиец во училиште во Белград

Kрвавиот пат на тинејџерот убиец во училиште во Белград

2 години ago
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

1 година ago
Валентина – Златната тркачка од југот

Валентина – Златната тркачка од југот

3 години ago
Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција
  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

Четири медали за гевгелиските атлетичари во Грција

септември 18, 2025
Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist