Од денес стартува дневната евтина тарифа за домаќинствата. Ќе важи од 13:00 до 15:00 часот.
Проценките се дека едно семејство со просечна потрошувачка на струја на овој начин ќе може да заштеди околу 1.000 денари месечно.
– „Оваа одлука е пазарен механизам затоа што преку ден цената за струја на берзите е до три пати поевтина отколку навечер и е практичен резултат на Елдрорадото на фотоволтаици“ – изјавуваат од РКЕ.
Инаку, и понатаму останува на сила и ефтината тарифа за електричната енергија од 22:00 до 07:00 часот следниот ден, што значи дека во текот на 24 часа граѓаните, домаќинствата имаат електрична енергија со ефтина тарифа во траење од вкупно 11 часа.