Вечерва со полициска придружба во Кривичниот Суд во Скопје се спроведени двајца осомничени за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Тоа се Велибор Манев од Велес (пренесува Скопје1.мк), а за второспроведениот неофицијално се вели дека е лицето Б.В. исто од Велес.
На прашањето на новинарите пред влезот на судот „Дали го извршиле убистовото врз Вања? „Дали признале вина?“, „Дали се вмешани во убиството на Вања?“ првообвинетиот Велибор одговори „Не“.
ОЈО до Кривичниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомничените за да продолжи истрагата. Во текот на ноќта се очекува да бидат спроведени во судот и другите осомничени лица, соучесници во киднапирањето и убиството на Вања.
Видео: Скопје1.мк