Со 17 гласови “ЗА” денеска Советот на општина Гевгелија изгласа измени на Ценовникот за зонско паркирање и одобри бесплатен паркинг за имателите на моторно возило, но само за првото возило.
Се укинува месечната и годишната цена за паркирање на првото возило за станарите од колективните станбени згради во зоните А, Б и Ц.
Тоа важи за станарите од зградите кои имаат свој паркинг и за оние на ул. “М.Тито” и други, кои немаат свој паркинг.
Предлогот на опозицијата во Советот да се ослободат граѓаните од плаќање паркинг во првите 30 минути, во централната зона за корисниците на брзи услуги од институциите, банките, градските служби, мнозинството во Советот ги одби гласајќи со “воздржани” 10 гласови.
И улицата пред Градскиот пазар не е ослободена од плаќање за зонско паркирање иако беше предлог на СДСМ, а го поддржа и ЛДП.
Сите други цени за користење јавен паркинг според изгласаниот Ценовник за зонско во октомври годинава остануваат во сила.
Само, зонското уште не е во фуккција. Утре пазарџиите може да паркираат каде сакаат и колку возила сакаат. Пазар е – ден кога пазарџиите треба да ќарат, а не да се нервираат