Затворски полицаец превезувал затвореник во село во Валандовско, иако лицето било на издржување казна затвор. ОВР Валандово му ја „зело мерката“ по КЗ поднесувајќи му кривична пријава.
Во полицискиот извештај стои наведено дека денеска ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пред две недели, на 23.10.2023 пријавениот, во својство на вработен како затворски полицаец во КПУ – „Затвор“ Струмица, во договор со осуденик кој издржувал казна затвор, со своето моторно возило го пренел до с.Јосифово за да завршат работа со негова роднина и го вратил.
По Кривичната пријава треба да решава Основното јавно обвинителство како законски надлежен орган за кривичните постапки.