Денеска од 14 часот стапи на сила забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир. Забрана за тешки товарни возила попладнево е воведена и на на патнните правци Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево.
Под влијание на влажен и студен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Јавното претпријатие Македонија пат информира дека слаби врнежи од снег има во Крушево, Буково, Ѓавато и на Плетвар.
Денеска се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир. ЈП Македонија информира дека забраната почнува од 14 :10 часот.
Забрана за тешки товарни возила попладнево е воведена и на патнните правци Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево. АМСМ, соопшти дека забраната стапи на сила денеска од 15:45 часот.
Под влијание на влажен и студен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер и над 60 километри на час.
Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.
Во Скопје денес и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Јавното претпријатие Македонија пат информира дека слаби врнежи од снег има во Крушево, Буково, Ѓавато и на Плетвар.
Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Според информациите, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.