Против двајца жители на Гевгелија, едниот на 43 другиот на 58 годишна возраст, ОВР Гевгелија и СВР Струмица поднесоа кривични пријави.
Едната КП се однесува за осомничен производител и дилер на дрога, другата КП се однесува за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Првата криввична пријава ја поднесе ОВР Гевгелија против К.П.(43) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 14.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот К.П., при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага со остатоци од хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути.
Втората кривична пријава ја поднесе СВР Струмица против З.Л.(58) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Осомничениот на 25.09.2023 било утврдено дека во својот дом во с.Милетково држел ловечка пушка со калибар 16 мм и 11 патрони со калибар 16 мм.
По Кривичните пријави надлежно е да постапув Основното јавн обвинителство.