Од утре 21 декември па се’ до завршувањето на оваа година, 31 декември, на градскиот плоштад во Гевгелија ќе се одвива Новогодишен Базар.
Организатор на НГ Базар е општина Гевгелија. Таа пред некој ден упати повик до сите заинтересирани, невладини организации, фирми, индивидуални производители да се пријават за учество на Новогодишниот Базар.
Целта е да се изложат домашни изработки за Нова Година, украси, храна и пијалоци, по пристапни цени за граѓаните.
За понудата на тезгите од Базарот не сме запознаени. Граѓаните ќе откриваат сами со својата посета, ќе разгледат, ќе вкусат, ќе однесат дома да ги почестат и другите. Ваше е да се наканите да го посетите Новогодишниот Базар.
Ние Ви пренесуваме дел од Новогодишниот амбиент во центарот на Гевгелија, шеталиштето „Маршал Тито“ каде ќе се одвива Базарот и шетачката траса на сите посетители. Освен тезгите со понуда ќе ве дочекаат и ангелче, снешко, елка и магична кугла на желбите.