Нападнал медицинска сестра која била на должност и завршил во затвор.
Таков бил вчерашниот ден на 44 годишен жител на Гевгелија. Настанот се случил претпладнето во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а приведен е од полициски службеници попладнето после поминати 6,5 часа од пријавата.
Во извештајот на МВР стои наведено следново:
„На 20.12.2023 во 17:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10:45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“- се вели во извештајот од МВР.