Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград ноќеска почнал да тоне додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци, јавуваат српските медиуми. Многумина во паника скокнале во студените води на реката.
Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолентици, додека двајца поради алкохолозирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).
Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ.
Многумина од присутните во паника скокале во водата обидувајќи се да допливаат до брегот на реката, што може да се види и од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека дојавата оти сплавот тоне и дека луѓе се во вода ја добиле во 00:37 часот.
„Со пристигнување на местото на настанот во 00:44 часот, констатирано е дека сплавот тоне и дека е потребно да се евакуираат луѓето од сплавот и од водата. Потона мостот меѓу сплавот и брегот“,
View this post on Instagram
Соопштиле од Министерството.
– „Сите 30 лица кои се нашле на „Картел“ биле евакуирани на соседниот сплав, а во акцијата за спасување учестувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица. Итната помош згрижила 10 малолетници кои по укажаната помош се предадени на нивните родители, додека двајца 17-годишници се пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА). Во инцидентот нема повредени“.
- „Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од белградската Итна помош, пренесува Н1.

Од Итната помош рекле дека се започнало со дојава за тепачка на сплавот.
Според дежурниот лекар, голем број од младите луѓе биле во алкохолизирана состојба.

Ова е трет случај на потонат сплав во Србија.
Неодамна во градот Смедерево до половина потона сплавот „Боем“ на реката Дунав, додека во него имало гости кои успаеле навреме да излезат.
На новогодишната ноќ минатата година во Белград потона сплавот „Фристајлер“, поради што беа уапсени одговорните за неговото менаџирање, бидејќи дозволиле присуство на поголем број луѓе од капицитетите на објектот.