На почетокот од фудбалската сезона во пионерската лига во Грција каде настапува гевгелискиот најмал фудбалер, 8-годишниот Јован Насев, досега реализираше 8 голови и 7 асистенции за постигнати голови со што беше прогласен за МВП на турнирот.
Ова е 13-ти трофеј за МВП за малиот Насев од Гевгелија кој е воедно и најмал интернационален спортист од Гевгелија и Македонија што настапува во странство, во соседна Грција.
На почетокот од оваа полусезона Јован играше на турнир во Солун на стадионот „Dinos Kuizis“ и овде неговата екипа „AEP ACADEMY PAOK“ во која настапува веќе една година, го освои високото второ место. Јован постигна 5 голови и реализираше две асистенции за гол. На турнирот конкуренцијата беше сериозна од рангот на „Panionios“ од Атина, „Eddesa“, „Halkidona“ и други. Јован го понесе пехарот за најдобар стрелец на турнирот.
Потоа следуваа првенствени натпревари против „Golden Boys“ од Солун каде тимот на Јован оствари победа од 7 : 4. Од победничкиот резултат Јован постигна 3 гола и еден еврогол со ножички кој што судијата не го призна бидејќи беше офсајд. Цела трибина аплаудираше и бараше да се признае голот. Но, тој гол не влезе во резултатот, сепак остана впечатокот за извонредната игра на Јован.
Следен беше натпреварот со ФК „Halkidona“ кој заврши со победа од 3 : 2 за тимот на Јован „AEP ACADEMY PAOK“. Учинокот на Јован во овој дуел беше 2 асистенции за постигнување гол, односно овозможи ситуација за реализација и на двата постигнати гола на неговиот тим.
Видео: Јован ги дрибла противничките играчи кои му се вдадоа да му ја одземат топката
Денеска се одигра натпревар со екипата на „ Proteas“ која беше остар противник и резултатот заврши нерешено 2 : 2. Јован имаше учинок од една асистенција. ВИДЕО:
Со овие настапи и остварени резултати екипата на Јован од Гевгелија, „AEP ACADEMY PAOK“ е на ПРВО место на табелата во Шампионатот во фудбал за пионери во Северна Грција со само еден бод предност пред екипата на „Golden Boys“. Со покажаната игра на терен Јован не остана незабележан, туку доби покана од спортскиот директор на младите категории во АЕК, Jorgos Gorgiadis кој упати покана Јован после Велигден да оди на еднонеделна проба во АЕК – Атина.
До тогаш малиот но голем фудбалер Јован Насев се подготвува да заигра во боите на ФК „Џокер“ од Фурка и да ги брани боите на Македонија на елитен фудбалски турнир во Марсеј, Франција. Овде се очекува да настапат екипи од гигантски величини во фудбалот. Турнирот ќе се одигра во периодот од 01.- 07.04.2026. Јован доби потврден одговор од неговиот тим во Грција да одигра на меѓународниот турнир во Франција, а како засилување да го има и својот соиграч од „AEP ACADEMY PAOK“, Rafael Polihronidis.
Ова ќе биде второ меѓународно искуство за малиот фудбалер, но големиот по остварувања во голмрежите на противниците, Јован од Гевгелија.
Јован годинава ја понесе наградата „Спортско откритие за 2025 година“ – Плакета што ја доделува спортската редакција на GevgelijaNet за освоените 12 трофеи за МВП на одиграни 12 турнири во „Детската лига“ во Грција во 2025 година.
Годината има само 12 месеци, а Јован само 8 години, а сепак успеа да освои 12 трофеи. Спортската година 2026 ја започнува со освојување на нов трофеј, 13-ти по ред за најдобар стрелец, и МВП на фудбалскиот Шампионат за пионери во Грција. Тоа само покажува дека наградата на GevgelijaNet за „Спортско откритие за 2025 година“ е оправдана, а Јован со труд и посветена игра ја заслужил.

СРЕЌНО и прецизно со сигурни нозе во нови победи, Јоване!



















