На трката „Спектратон“ организирана под мотото „Трка на херои во сите бои“ што се одржа вчера, недела, во Скопје, атлетската стрела од југот Антонио Каракабаков истрча ПРВ на патеката од 500 метри и се искачи на победничкиот подиум.
Антонио трчаше во конкуренција на деца до 14 години и ова не му беше прва победа, туку ТРЕТА по ред победа на „Спектратон“. Во 2024 како 12 годишник ги претрка и 2 години поголемите од него, во 2025 ги претрка тие што беа година дена поголеми од него, а годинава Антонио потврди дека нема побрз од него на патеката од 500 метри. Времето на истрчување организаторот не го објави, но знаат кој ПРВ ја пресече лентата на ЦЕЛ-та од трката.

Претходно, истиот ден недела, Антонио трчаше и на патека од 5 километри во конкуренција сениори и овде постигна време од 18 минути и 53 секунди подобрувајќи го за 2 минути побзо своето време од минатогодишното учество на истата трка на „Спектратон“. 14 годишниот Aнтонио се тркаше во сениорска конкуренција, со големите атлетичари, и овде, се пласираше на 16-то место од вкупно 303 учесници кои стартуваа на трката. Ова е големо достигнување за едно дете кое се’ уште расте и сериозно покажува дека е атлетска надеж.
Сумарно, Антонио истрча три трки за два дена, во саботата победи на крос трка на 800 метри со подобрено време на истрчување од 10 секунди, а денеска истрча две трки и завзеде нов победнички подиум.
Антонио Каракабаков – Атлетската стрела од југот е ученик во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково, општина Богданци, член е на АК „Аеродром“ од Скопје и ветувачка атлетска надеж на Македонија.





















