Од 1 јануари цената на струјата во првиот тарифен блок се намалува, цената на евтината струја и цената на потрошената струја во вториот блок остануваат исти, зголемувања ќе има само кај потрошувачите од третиот и четвртиот блок.
Надоместокот од 200 денари е пристапот до мрежарина кој важи за сите потрошувачи
Регулторната комисија денеска ги соопшти цените на електричната енергија кои ќе важат за домаќинствата од почетокот на идната година.
Домаќинствата кои успеваат да ја задржат потрошувачката на електрична енергија пред се’ во првиот, а потоа и во вториот тарифен блок од 1 јануари ќе добиваат за нијанса пониски сметки за струја. Оние домаќинства пак чија потрошувача влегува и во третиот и четвртиот тарифен блок, ќе маат повисоки сметки.
Цената на евтината тарифа останува иста.
Цената на струјата во првиот блок се намалува за 5,16 проценти.
Цената во вториот блок останува иста како и досега.
Цената во третиот блок има зголемување од 2,88 проценти.
Цената во 4-от блок има зголемување од 1,86 проценти.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски, изјави дека воведувањето на новиот концепт за пристап на мрежа односно 200 денари за сите домаќинства потрошувачи влијаел најмногу во формирањето на новите цени. Тој додаде дека сумата не го надминува одобрениот регулиран максимален приход кој ќе го има енергетската компанија „Електродистрибуција“.