Денеска, понеделник (09.01.2023) во 01:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија.
За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор“ Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“.
Лицето било спроведено во КПУ „Затвор“ Гевгелија за доиздржување на казната.