Предвесникот на радоста, дарувањата, Новата Година и Божиќ белобрадиот Дедо Мраз пристигна денеска точно напладне во Гевгелија.
Од Лапонија до југот на Македонија патувајќи и носејќи подароци за сите деца Дедо Мраз воопшто не беше изморен туку играше и танцуваше на ритамот на песните кои ги пееја солистите и хорот на „Калинка“ на отворената сцена во центарот на Гевгелија, на т.н. плоштад „Фонтана.
Дедо Мраз ги размрда дечињата, заѕвони со ѕвончето за да ја најави Новата Година, подели бонбончиња и го наполни градот со радост!
Расположениот Дедо Мраз доживеа и целочасовна забавна програма која ја следеа голем број деца придружувани со нивните родители, а ритамот на забавата го правеа членките на танцовата група „Мистик денс“ од Гевгелија.
Вака денес напладне пулсираше центарот на Гевгелија на задоволство на малата детска публика која со забавна програма го одбележа пристигнувањето на Дедо Мраз во нашиот град.
Tрадиционалниот дочек на Дедо Мраз во Гевгелија се одржа во организација на Пионерскиот дом од Гевгелија, што како настан е поддржан од програмата за култура на општина Гевгелија.
Ја испраќаме старата со песна, па и Новата Година да ни биде среќна и весела како песна! Еве дел од атмосферата на плоштад „Фонтана“.