Првиот ден од Новата година за 32 годишен жител од гевгелиско започна со притвор. Затекнат е како нелегално превезувал мигранти. Бил стопиран од полициски службеници на автопатот „Пријателство“.
Во полицискиот извештај на МВР стои наведено следново :
– “Денеска (01.01.2024) околу 17 часот на автопатот “Пријателство”, помеѓу Табановце и Куманово, полициски службеници од Регионалниот Центар за гранични работи Север-ПС за Граничен надзор „Сопот“ го лишија од слобода И.Ѓ.(32) од гевгелиско, затоа што во патничко моторно воџило “Пежо” превезувал три лица мигранти од Непал.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – известуваат од МВР.
ПС Сопот е во Тиквешката котлина, кавадаречко.
Фото: Архива на МВР