Младата гевгелиска хероина, 14 годишната Луна, ја победи животно загрозувачката закана од сколиозата што ја имаше, после операцијата во Турција и пред Новата година се врати дома во Гевгелија. Новогодишната ноќ ја помина весело со другарките, а првата забава во друштво со гевгеличани ја помина на топлата јануарска ноќ на Коледе. Овде ја следеше музичко-забавната програма и настапите на својата сестра Ања и мајката Елена.
Песни од радост.
Луна за шест месеци ја очекува уште една операција на нозете за да ја напушти количката и сама да стапне на земја.
Желбата е голема, надежта силна, а таа со семејството на Коледарската ноќ покрај светлите огнови се радува на радосната вест, најавата за Рождеството Христово, доаѓањето на Спасителот.
Малата хероина беше топло пречекана и поздравена од гевгеличани, кои со своите донации и хуманитарни прилози придонесоа за оваа среќна насмевка на ЛУНА во Новата 2024 година.