Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци.
Според СВР Струмица во сообраќајката учествувале четири патнички возила.
Екипа на гевгелиската противпожарна единица е излезена со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а екипа на ПС Гевгелија врши увид на местото на настанот, извести ЦУК.
Сообраќајот е прекинат и во двата правца и се пренасочува преку село Богородица.
- „Во полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “Мерцедес”, “Опел Корса” и “Хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата“, изјави портпаролката на Секторот за внатрешни работи Струмица, Александра Трајанова, пренесува МИА.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на полициската станица во Гевгелија.