Од Ј.П. Македонија пат известуваат дека заради интензивни снежни врнежи од 17:25 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец А1, Демир Капија-Миравци.
Од АМСМ известуваат дека поради интензивни снежни врнежи од 16:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово, а за останатите возила е задолжителна зимска опрема.
Од Ј.П. Македонија пат известуваат дека поради интензивни снежни врнежи од 16:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Плетвар“.
Од АМСМ известуваат дека поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила од 04:00 часот има на патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар).
Забрана за автобуси од 05:00 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимската опрема (ланци).
Поради силен ветар големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до Граничен премин Јажинце од 8:40 часот се воведува забрана за автобуси и тешки товарни возила а за останатите задолжителна зимска опрема.
Од Ј.П. Македонијапат известуваат дека поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга – Граничен премин Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.