Познатиот готвач Марк со својата емисија за патување и гастрономија овој месец беше во посета на Дојран, јужното туристичко место кај Дојранското езеро, а гастрономскиот предизвик го имаше во кујната на ресторанот „Фук так“ и маслиновите специјалитети на Бранко.
Овде домаќин на готвачот-патник, а воедно и шеф на кујната на „Фук Так“ беше Митко Jaнев, третата генерација во семејството Јаневи после основачот Митко, синот Перо, па сега внукот Митко, која се занимава со угостителство од крајот на 1884 година па се’ до денеска.
Екслкузивноста на овој современо опремен ресторан и менито со риба го инспирираше Шеф Марк да предложи да направат сос за послужување на рибата кој ќе има име „Сос Фук так“. Оригинален вкус, послужен во оригинален ресторан.
Најбогатото езеро со риба во Македонија и на Балканот е терен за почетници, зошто овде нема кој не може да фати риба во Дојранското езеро. Па така и рибното мени е секогаш полно на задоволство на посетителите на Дојран и рестораните во Дојран.
Шеф Марк направи оригинален сос со маслинки и го послужија со дојранската риба Перкија. Беше послужено за дегустација и се уживаше во муабетот за Дојран. Погледнете ја емисијата и како Шеф Марк се снајде во кујната на дојранскиот рибен ресторан „Фук так“.
Марк го посети и маслинкарникот на локалниот производител Бранко, засади маслинка и рече ќе почека да порасне. Го посети домот на дојранчанецот Бранко и сите производи кои ги приготвува од маслинката: свежа, цедено масло од маслинка, чај од маслинка, паста од маслинка, слатко од маслинка…леб со проја и маслинка…
Марк вели „Се чудам како не си подготвил и ракија од маслинка!? Зошто да не пробаш и да дестилираш алкохол од маслинка!?
-„Пастата се прави со капри, со сува слива, а може и со риба“, вели домаќинот Бранко.
– „Чекај, да им кажам на гледачите дека ова е навистина прекрасно“ се обрати кон камерата со полна уста леб и паста од маслинка Шеф Марк.
– „Ова го има во јужна Франција, ама еве го има и во Македонија, во Дојран. Да бидеме горди“ – заклучи Шеф Марк.
Домаќинот Бранко му поклони на гастрономскиот авантурист кој го посети Дојран едно специјално пакување „Чај од маслинка“ кое се прави од неплодна маслинка и е осум пати појак чај од зелениот. Во Арапската медицина овој час се смета за еден од најакиот антибиотик меѓу тревите.
Ете, ова е доволно за предизвик. Погледнете ја емисијата за да откриете повеќе какви се’ задоволства вкуси Марк во Дојран, а за да се уверите во кулинарските специјалитети што ги препорача Марк ќе треба да одите во Дојран и сами да ги вкусите убавините на дојранската кујна.