Двајцата членови на АК „7-ми Ноември“ докажани маратонци, учесници на меморијалнито маратон за Тоше Проески од Нова Градишка до неговото родно Крушево. атлетичарите Тоше Анчев и Влатко Семенаков и денеска се поклонија пред Македонскиот и Балкански музички великан пред неговото вечно почивалиште на Гумење, каде почива меѓу Илинденците од Крушево.
Тоше Анчев веќе петта година по ред учествува на ултра маратонот од Хрватска до Македонија да го врати духот на нашиот прерано загинат Тоше во неговото родно Крушево, а минатата година на маратонската екипа се приклучи и Влатко Семенаков од Гевгелија.
Еднаш маратонец, секогаш маратонец, еднаш ако трчаш за Тоше секогаш ќе трчаш во негова чест, и ќе ти фали да му се поклониш на денот кога се родил кога дошол на овој свет и ги направил сите добрини знајни и незнајни, ги испеал сите убави песни, и оставил непребол кај неговите фанови од земјата и Балканот.
Запалија свеќа да му биде светло небото горе како што ги опсипуваше со светло и насмевка сите негови сценски настапи, нашиот Тоше Проески.
„Да беше жив се’ ќе беше поинаку…
Да беше жив можеби ќе успееше да не’ научиш на хуманост, љубов и почитување.
Многу сме сиромашни Тошка без тебе 💔
Да беше жив денес ќе дуваше 43ка на твојата торта, ќе се смееше со најубавата насмевка која несебично ни ја даруваше.
Да беше…Ангелу 👼
Болиш, не зараснуваш…
Непребол си!
А во сеќавањава ист!…момчето со ангелски глас…
Да беше жив можеби ќе те ценевме повеќе…ќе те гушкавме посилно и ќе пеевме погласно на твоите концерти…
Тажно е…
Секогаш ќе капнува солза на твоите песни!
Тоше ВЕЧЕН си 👼🙏“ – напиша Тодор Анчев на фејсбук.
Aнчев подготви и видео од посетата на гробот на Тоше и пречекот на Гумење со црвени рози по истрчувањето на 900 километри од Нова Градишка до Крушево.
Тоше велеше: „Ве сакам сите“.
И ние те сакаме Ангелу!